Билјана платно белеше
Билјана платно белеше — македонска романтична песна за љубовта и убавината.[1] Оваа народна песна е и главна тема на Десеттата ракатка (Песни од Охрид)[2] на Стеван Стојановиќ Мокрањец, најголемиот српски композитор на преминот од 19 во 20 век. ОписПесната опишува настан од „охридските извори“, а Билјана би можела да биде секоја млада девојка која таму си го белела платното. Одењето до најблискиот извор било секојдневна обврска за секоја жена кога водата била подалеку од домашното огниште. Притоа мора да се има предвид дека значаен дел од социјалниот живот на месното население се одвивал околу изворите; таму се раѓале многу познанства и љубовни приказни. Другиот клучен лик во песната е млад винар. Тој во љубовната драма зазема пасивен став, оставајќи дијалогот да се одвива помеѓу Билјана и другите винари, додека сиот свој интерес кон девојката го покажува со притаено набљудување. Наспроти сета негова ненаметливост, младиот винар ја претставува оската околу која се врти целокупното дејство во љубовната драма. За него дознаваме уште дека припаѓа на група винари кои во песната се опишани како „белограѓани“! СтиховиСветската слава на Билјанините извори се должи пред сè на легендата за убавата охриѓанка од народната песна „Билјана платно белеше“:
Оваа е најпознатата варијанта на песната од која вообичаено се пеат само првите 18 стихови. Постојат уште многу други пократки и подолги варијанти со сличен текст. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia