Белење (платно)

Скулптура во име на испеаната народна песна „Билјана платно белеше“ во дворот на Билјанините Извори

Белење[1][2] — постапка со која што се бели платно. Оваа постапка за разлика од бојадисувањето, секогаш се изведувало на веќе исткаено платно.

Традиционална постапка

Традиционално исткаеното платно имало кафеаво-жолтеникава боја што му дава изглед на нечисто. Затоа се применувало белење на платното.

Според истражувањето во Кратовско, постапката за белење започнувала од Ѓурѓовден и траела до Петровден. За белење на платното најчесто се избирале деновите понеделник или среда, според верувањето тие денови означувале добар почеток и напредок во работата. Се собирале брбушки - овчи измет, се ставале во котел и се растопувале во вода 2-3 дена, при што се често се мешале. Платното се потопувало во смесата којашто се покривала со коприва. Платното се оставало да се откиснува 3 дена, потоа се вадело и се оставало на сонце. Се оставало да отстои околу 30 минути, а потоа се става на камена плоча и се удирало со пиралка. Платното не смеело да се исуши. Во тој случај тоа добивало црвеникава боја која не можела да се отстрани. Постапката се повторувала два-три дена, по што се оставало да се исуши. По белењето ткаенината била побела за неколку нијанси од претходната. Белењето е последица на фотохемиската катализа од која настануваат перооксиди, кои се нестабилни и брзо се распаѓаат, при што се ослободува кислородот којшто го обелува платното. По целосното белење, платното се собира на кросно со навивање. Платното се навивало (се намотувало) за да се истегне, се мазнело и се прибирало.[3]

Современа постапка

Денес, во текстилната индустрија за белење се користат оксидациски средства. Од степенот на оксидацијата зависи и степенот на оштетувањето на влакното. Колку подолго влакното е изложено на оксидациското средство, толку и оштетувањето на влакното ќе биде поголемо. Ова важи за сите природни влакна. Што се однесува на синтетичките влакна, тие главно се постојани на оксидациските средства.

Белење се врши на влакна кои треба да бидат бели или обоени во светли тонови. За белење најчесто се користат хипохлориди, водороден пероксид, оптички средства за белење и сл., при што се води сметка за нивната концентрација. Поголемата концентрација може негативно да влијае на некои својства на влакната.[4]

Белењето во народната уметност

Наводи

  1. „белење“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „белење“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. Георгиевски, Драган (2021). МУЗЕЈСКИ-ГЛАСНИК-13.pdf „Текстилни суровини, процеси и техники на изработка на народни носии“ Проверете ја вредноста |url= (help) (PDF). Музејски гласник (13): 136–152. Посетено на 10 јуни 2025. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)
  4. Вељковиќ, Олгица; Муртовска, Билјана. ТЕКСТИЛНО - КОЖАРСКИ СУРОВИНИ (PDF). Министерство за образование и наука. стр. 20, 105. Посетено на 10 јуни 2025. Укажано повеќе од еден |pages= и |page= (help)
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya