Био-Саваровиот закон се користи за пресметувањер на вкупното магнетно полеB во местоположбата r создадено од постојанаструјаI (на пример жица): постојаниот тек на полнежот кој е постојан по време и по полнеж ниту се насобира ниту пак се губи во која било точка. Законот е физички пример за линиски интеграл, кој се проценува по патеката C во која што тече електричната струја. Равенката во SI единици е:[3]
Интегралот е вообичаено околу затворена крива, каде електричните струи можат само да течат околу затворени патеки. Бесконечно долга жица (пример е дефинирањето на основната SI единица за јачина на струјата Ампер) е пак спротивен пример.
За да се примени равенката, точката во просторот која може да се пресмета каде магнетното поле се избира произволно (). Сметајќи дека точката е статична линискиот интеграл за патеката за електричните струи се персметува за да определи вкупното магнетно поле во таа точка. Примената на овој закон имплицитно се заснова на принципот на суперпозиција за магнетните полиња, т.е. магнетното поле е векторски збир од полињата создадени од секој бесконечно мал дел на жицата.[4]
Постои и 2D верзија на Био-Саваровата равенка, која се користи кога изворите се непроменливи во една насока. Треба да се има предвид дека струјата нема потреба да протекува само во рамнината нормална на непроменливата насока и истата се запишува со ознаката . Крајната равенка е:
Електрични струи(низ зафатнината на проводник)
Записите од погоре функционираат добро кога струјата се зема да тече низ бесконечно тенка жица. Доколку проводникот има одредена зафатнина, соодветен запис за Био-Саваровиот закон би бил:
каде е единичен вектор со насока од моменталната положба на честичката до точката каде се мери полето, а θ е аголот меѓу и .
Кога v2 ≪ c2, електричното и магнетното поле може приближно да се запишат како [5]
Овие равенки го претставуваат Био-Саваровиот закон за точкест полнеж [6] поради блиската аналогност со стандардниот Био-Саваров закон зададен погоре. Овие равенки првпат биле изведени од Оливер Хевисајд во 1888.
Примена на магнетната реактивност
Био-Саваровиот закон може да се употреби за пресметување на магнетните реактивности дури и на атомско или молекуларно ниво. На пример може да се пресметаат хемиските заштити или магнетната сусцептибилност, под услов густината на струјата пресметана преку квантномеханичката теорија.
Примена во аеродинамиката
Сликата ја покажува брзината () во точката P како елемент од вртложена жица () of strength .
Био-Саваровиот закон исто така се употребува во аеродинамичката теорија за да се пресмета брзината предизвикана од вртложните сили.
Во аеродинамиката улогите на вителноста и струјата се спротивни во споредба со магнетната примена.
Во Максвеловиот труд од 1861 'On Physical Lines of Force',[7] силата на магнетното поле H била дирекно изедначена со вителноста (спин), каде B е тежинската вителност која е еден вид на густина за вртложното море. Макцвел сметал дека магнетната пермеабилност μ е мерка за густината на вртложното море. Па и оттука и врската,
Магнетна индукциона струја
станува збор за вртложена сличност меѓу линиската електрична струја,
Електричен тек на струјата
каде ρ е густината на електричниот полнеж. B се сметало за еден вид на магнетна струја на витли подредени по оските на рамнините, каде H е кружната брзина на витлите.
Оваа равенка за електричната струја може да се смета за проточна струја на електричниот полнеж при што се вклучува и линиското движење. Слично, и магнетната равенка е индуктивната струја која вклучува спин.Не постои линиско движење кај индуктивната струја по насоката на векторот B. Магнетната индуцирана струја ги претставува линиите на силата. Особено ги претставува линиите на обратнопропорционалниот закон за силата.
Во аеродинамиката индуцираните воздушни струења создаваат соленоидни прстени околу вртложната оска која ја има улогата на струјата во магнетизмот. Ова доведува струењата во аеродинамиката да ја имаат истата улога како и векторот на магнетната индукција B во електромагнетизмот.
Во електромагнетизмот линиите на векторот B создаваат соленоидни прстени околу изворот на електричната струја, додека пак во аеродинамиката со воздушните струења создаваат соленоидни прстени околу изврот по вртложната оска.
Па така во електромагнетизмот, вителот ја има улогата на ефект, додека пак аеродинамиката ја има улогата на причина. Може да се согледа дека линиите на векторот B изолирани се подеднакво слични со оние во аеродинамиката на таков начин што векторот B е вртложната оска и H е кружната брзина баш онака како што е во Максвеловиот труд од 1861.
Во две димензии, вртложната линија при бесконечна мала должина, и индуцираната брзина во точката е определена со:
каде Γ е силата на вителот и r е нормалното растојание меѓу точката и вртоложната линија.
Ова е граничен случај на равенката за отсечоци на вителот со конечни должини:
каде A и B се аглите меѓу линијата и двата краја на отсечокот.
Био-Саваров закон, Амперов закон и Гаусов закон за магнетизам
и користејќи го правилото за множење за ротори, како и фактот дека J не зависи од , оваа равенка може да се презапише како [8]
Бидејќи дивергенцијата на роторот е секогаш нула, се воспоставува Гаусовиот закон за магнетизам. Следно, земајќи го роторот од двете страни и користејчи ја равенката за ротор на ротор, и уште еднаш употрбувајќи го фактот дека J не зависи од , при што се добива резултатот [8]
↑Jackson, John David (1999). Classical Electrodynamics (3. изд.). New York: Wiley. Chapter 5. ISBN0-471-30932-X.
↑Electromagnetism (2nd Edition), I.S. Grant, W.R. Phillips, Manchester Physics, John Wiley & Sons, 2008, ISBN 978-0-471-92712-9
↑Принципот за суперпозиција важи за електричните и магнетните полиња бидејќи тие се решенијата за збирот од линиските диференцијални равенки, воглавно за Максвеловите равенки, каде струјата е еден од „појдовните поими“.
↑ 5,05,1Griffiths, David J. (1998). Introduction to Electrodynamics (3rd ed.). Prentice Hall. стр. 222–224, 435–440. ISBN0-13-805326-X.
↑ 8,08,18,28,38,48,5See Jackson, page 178–79 or Griffiths p. 222–24. The presentation in Griffiths is particularly thorough, with all the details spelled out.