Хендрик Лоренц
Хендрик Антон Лоренц (холандски: Hendrik Antoon Lorentz; 18 јули 1853 — 4 февруари 1928) — холандски физичар кој ја развил електромагнетичната теорија на светолоста. Ја проучувал дифракцијата на светолста во кристалите, бинарните гасови и прв го проучил разделувањето на молекуларните спектрални линии во магнетното поле во три компоненти (Лопенцов принцип). Ја добил Нобеловата награда за физика во 1902 за работењата извршени околу теоријата на електромагнетената светлост. Ајнштајн со општата теорија за релативност ја ставил во сенка Лоренцовата трансформација која се однесува на односот помеѓу просторот и времето при релативни брзини. Меѓутоа, Теоријата за релативноста настанала од Лоренцовите трансформации. По него се именувани следните поими во физиката: Лоренцова сила, Лоренцова инваријантност, Лоренцова коваријантност. КариераПрофесор во ЛајденВо 1877, на 24 годишна возраст, Хендрик Антон Лоренц бил назначен за претседател на теориска физика во Лајденскиот универзитет. Позицијата првенствено му била понудена на Јоханес ван дер Валс, но тој во последен момент се определил за позицијата во Амстердамскиот универзитет.[B 1] На 25 јануари 1878, го оджал своето инаугуративно предавање за "холандски: De moleculaire theoriën in de natuurkunde" („Молекуларните теории во физиката“). За време на првите дваесет години во Лајден, Лоренц првенствено бил заинтересиран за теоријата на електромагнетизмот за да ја објасни врската со електрицитетот, магнетизмот и светлината. Потоа, тој го проширил своето истражување на друго поле додека сè уште се фокусирал на теориската физика. Лоренц многу придонел на полето во кое спаѓа хидродинамиката па сè до општата теорија за релативноста. Неговиот најголем придонес бил на полето на електромагнетизмот, теоријата за електронот и релативноста.[B 1] Лоренц поставил теорија дека атомите се состојат од наелектризирани честички и предлагал дека осцилациите на тие наелектризирани честички се изворот на светлината. Кога поранешен студент и колега на Лоренц, Питер Земан, го открил Земановиот ефект во 1896, Лоренц го обезбедил неговото теоретско толкување. Експерименталната и теориската работа била наградена со Нобелова награда за физика во 1902. Името на Лоренц е поврзано со поимите Лоренцова сила, Лоренцова инваријантност, Лоренцова коваријантност. Електродинамика и релативност
Во 1892 и 1895 Лоренц работел на опишувањето на електромагнетниот феномен (ширењето на светлината) во референтни граници кои релативно се движат до етарот.[1][2] Открил дека преминот од еден во друг појдовен систем може да се поедностави со употреба на нововремска променлива која ја нарекол „месно време“. Месното време зависело од универзалното време и од локацијата која била определена. Според тоа, тој можел да ја објасни аберацијата и резултатот од Физоевиот експеримент. Во објавените дела на Лоренц се користел терминот „месно време“ без никакво детално појаснување на физичкото значење. Во 1900 и 1904, Анри Поанкаре месното време го нарекол „најгенијалната идеја“ на Лоренц и ја илустрирал така што покажал дека стрелките во движечките граници се синхронизирани од размена на светлосни сигнали кои се претпоставува дека патуваат со иста брзина со и обратно на движењето на рамката.[3][4] Во 1892, со обидот да го објасни Мајкелсон-Морлиевиот обид, Лоренц исто така предложил дека телата кои се во движење контрактираат во насоката на движење (види Контракција на должината, Џорџ Френсис ФицЏералд дошол до овој заклучок во 1889)[5] Лоренц и специјална релативностВо 1905, Ајнштајн користел многу концепти, математички алатки и разработени резултати за да го напише неговото дело насловено „За електродинамиката на движечките тела“[6], денес познто како теорија на специјална релативност. Бидејќи Лоренц ги поставил темелите за работата на Ајнштајн, оваа теорија била оригинално наречена „Лоренц-Ајнштајнова теорија“.[B 2] Во 1906, избраната теорија на Лоренц добила полноправен третман во неговите предавања во Колумбискиот универзитет, објавена под името „Теорија на електроните“. Зголемувањето на масата била првата претпоставка на Лоренц и Ајнштајн која била тестирана, но некои експерименти на Валтер Кауфман покажале различно зголемување на масата. Ова го довело Лоренц до познатата забелешка дека бил „на крај со неговиот латински јазик“.[7] Лоренц и основна релативностЛоренц бил еден од неколкуте научници кои го поддржувале истражувањето на Ајнштајн за основната релативност уште од почеток. Напишал истражни материјали и разговарал со Ајнштајн лично и со писма.[B 3] ![]() Промена на приоритетиВо 1910 Лоренц одлучил да си го реорганизира животот. Неговите предавања и организирачки должности во Лајденскиот универзитет му одземале многу време оставајќи го со многу малце време за истражување. Во 1912, дал отказ од позицијата на претседател на теориска физика за да стане чувар на „Физичарскиот кабинет“ во Тејлеровиот музеј во Харлем. Тој останал поврзан со Лајденскиот универзитет како вонреден професор, а неговите „понеделнички утрински предавања“ за новите откритија на полето на теориската физика станале легендарни.[B 1] Лоренц првенствено го прашал Ајнштајн да го надмине него како професор по теориска физика во Лајден. Сеедно, тој не можел да прифати бидејќи штотуку ја прифатил позицијата во ЕТХ Цирих. Ајнштајн не се каел за оваа работа бидејќи од оправдувањето на Лоренц треперел. Наместо тоа, Лоренц го назначил Паул Еренфест за негов наследник на претседателското место на Лоренцовиот институт.[B 1] Граѓанска работаПо Првата светска војна, Лоренц бил една од движечките сили на основањето на „Wetenschappelijke Commissie van Advies en Onderzoek in het Belang van Volkswelvaart en Weerbaarheid“, комитет кој ги користел научните потенцијали здружени во Кралската академија за уметност и науки во Холандија за решавање на граѓански проблеми како што се недостаток од простор за складирање на храна како резултат на војната. Лоренц бил назначен за претседател на овој комитет. Ова резултирало со основање на Организација за применети научни истражувања во Холандија.[B 1] Личен животРани години![]() Хендрик Лоренц е роден во Арнем, Гелдерланд (Холандија), син на Герит Фредерик Лоренц (1822–1893), медицинар, и Гертрудија ван Гинкел (1826–1861). Во 1862, по смртта на неговата мајка, неговиот татко се оженил со Луберта Хупкес. Покрај тоа што бил одгледан како протестант, тој бил слободоумен од религиски аспект.[B 4] Од 1866 до 1869 тој го посетувал училиштето "Hogere Burger School" во Арнем, нов вид на јавно средно училиште штотуку основано од Јохан Рудолф Торбеке. Неговиот успех на училиште бил за пример, не само што ги надминал тамошните научници, туку имал извонредни резултати по англиски, француски и германски јазик. Во 1870 ги поминал испитите по класични јазици кои биле неопходни за во универзитетот.[B 1] Лоренц изучувал физика и математика во Лајденскиот универзитет, каде бил под големо влијание, од професорот Фредерик Кајзер, кое придонело да стане физичар. По дипломирањето, се вратил во Арнем во 1871 за да одржува ноќни часови по математика, но продолжил со студиите во Лајден и покрај тоа што бил професор. Во 1875 Лоренц докторирал под надзор на Питер Рајк за тезата насловена: холандски: „ver de theorie der terugkaatsing en breking van het licht“ (За теоријата на рефлексијата и рефракцијата на светлината), во која ја рафинирал електромагнетната теорија на Џејмс Кларк Максвел.[B 1] СмртВо јануари 1928, Лоренц бил сериозно болен и умрел на 4 февруари.[B 1] Почитта која ја имал во Холандија е очигледна во опишувањето на неговиот погреб од страна на Овен Виланс Ричардсон: ![]()
Единствената снимка со текот на погребот во 1928, церемонијата со водечка кочија и десет службеника, следена од кочија со кофчегот и уште најмалку четири кочии кои минуваат покрај толпата во центарот на Харлем, е дигитализирана на Јутјуб.[B 6] Ајнштајн дал панегирик (парче хартија на кое е напишано колку некој е ценет, најчесто се дава по нечија смрт) во меморијалниот сервис на Лајденскиот универзитет.[B 1] НаследствоЛоренц се смета за еден од основните претставници на „Втората германска златна доба“, период од неколку децении околу 1900 кој земал замав во природните науки во Холандија.[B 1] Покрај Нобеловата награда за физика, Лоренц добил и многу други почести за неговата извонредна работа. Тој бил избран за соработник со Кралското друштво во 1905. Друштвото го наградило со Румфордов медал во 1908 и Коплиев медал во 1918. Наводи
Викиизворот на германски има изворна содржина поврзана со оваа статија:
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia