Битка кај Васлуј
Битката кај Васлуј се одвила на 10 јануари 1475 година помеѓу Стефан III од Молдавија, заедно со христијанските сојузници од Кралство Полска и Кралство Унгарија од една страна и Османлиското Царство од друга страна. Османлиската војска броела околу 120.000 војници наспроти околуј 40.000 христијански наемници[1]. Христијанските сојузници оствариле голема победа. Битката била опишена како најголема победа на христијанството против исламот дотогаш[2]. Мара Бранковиќ, сопруга на Мурат II, на венецијанскиот пратеник изјавила дека таа битка била една од најкатастрофалните за Османлиите[3] . Кралот Стефан III од Молдавија подоцна од страна на папа Сикст IV бил награден со титулата "Verus christiane fidei aletha" (вистински заштитник на христијанската вера).[4] Наводи
46°37′N 27°43′E / 46.617°N 27.717°E
|
Portal di Ensiklopedia Dunia