Битка кај ГотенБитката кај Готен, Малешевско е една од најголемите битки водени од страна на четите на Македонската револуционерна организација пред Илинденското востание на територијата на Македонија. БиткатаБитката започнала на Велигден на 6 април 1903 година се водела на планината Готен, Малешевско, Источна Македонија. Борбата се водела помеѓу здружените чети на Македонската револуционерна организација и турскиот аскер. На чело на здружената чета стоеле војводите: Христо Чернопеев, Коста Мазнејков, Делчо Кочов, К. Кондов, Никола Дечев, Питу Гули, Ванчо Србакот, Тимо Ангелов и др [1]. Бројот на комитите изнесувал околу 250-270 души. Четата била опколена од страна на турската војска на врвот Готен, при што на помош им дошол и врховистичкиот војвода Никола Лефтеров со својата чета. Ноќта на 6 април опколените комитеи тргнале на јуриш при што од своја страна имале 25 загинати додека пак бројот на загинатите и ранети турски војници изнесувал околу 200 души. Извори
Литература
|
Portal di Ensiklopedia Dunia