Источна МакедонијаИсточна Македонија — географски регион во границите на Македонија кој се протега на исток од границата со Бугарија, на север до етногеографскиот регион Козјачија и општините Куманово и Крива Паланка (Северна Македонија), на југ до границата со Грција на планината Беласица и на запад до Повардарскиот регион (Средишна Македонија - Повардарие).[1] ГеографијаРелјефно, во целиот регион планините и котлините припаѓаат на старите грамадни планини односно на родопскиот систем. Сите реки во регионот припаѓаат на егејското сливно подрачје, а најголема река во Источна Македонија е Брегалница. Други помали реки се Струмица, Злетовска Река, Крива Лакавица, Светиниколска Река, Кочанска Река, Оризарска Река, Зрновска Река и други. Котлински целини во овој регион се: Струмичко-радовишка Котлина, Овче Поле, Кочанска Котлина, Делчевска Котлина и Малешевска Котлина, а на истата територија постојат и етногеографските области: Лакавица, Јуруклак, Радовишки Шоплук, Осоговија, Пијанец, Малешевија и Злетовска Река. Највисоки планини во регионот се: Осоговски Планини (2.252 м.), Малешевски Планини со Влаина (1.932 м.), Беласица (1.881 м.), Плачковица (1.754 м.), Огражден (1.745 м.), Плавица (1.297 м.), Обозна (1.278 м.) и Конечка Планина (1.159 м.). ИсторијаКон крајот на XIX и почетокот на XX век, за време на Отоманското Царство, регионот на Источна Македонија административно бил поделен на шест кази. Според бугарскиот етнограф Васил К’нчов во неговата книга („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во шесте кази кои денес географски влегуваат во регионот на Источна Македонија имало 200.142 жители. На табелата е прикажан бројот на население и националниот состав во Источна Македонија од 1900 година:[2]
ДемографијаВо географските граници кои ја определуваат територијата на Источна Македонија, се наоѓаат 417 населени места, од кои 12 градови и 405 села, поделени во 20 општини. Во овој регион спаѓаат градовите: Штип, Струмица, Кочани, Радовиш, Свети Николе, Делчево, Виница, Пробиштип, Берово, Кратово, Македонска Каменица и Пехчево. Најголем град во регионот е Штип со 43.652 жители, кој важи за регионален центар и главен град на Источниот плански регион. Со отворањето на универзитетот „Гоце Делчев“ во 2008 година, Штип претставува и единствениот универзитетски град во Источна Македонија. Според пописот од 2002 година, во Источна Македонија биле запишани 338.458 жители и сочинуваат 16,7 % од вкупниот број на жители во Република Македонија. Што се однесува до поделбата на урбано и рурално население, 196.527 (58 %) живееле во градовите, а 141.931 (42 %) во селата. Просечната густина на население изнесува 59,8 ж/км2. Особено мала густина има во Кратовско, Овче Поле, Злетовско и во подрачјето на јуручките села на Плачковица. А најголема густина на население е сконцентрирана во јужниот дел на регионот, поточно во Струмичката Котлина, каде што во градот Струмица и околните 74 струмички села живеат 92.625 жители (2002 г.) или 27,7 % од вкупното население во Источна Македонија и 4,57 % од вкупното население во Република Македонија.[3] Села со над 2.000 жители во регионот се: Ново Село-Струмичко (2.756 ж.), Куклиш (2.532 ж.), Злетово (2.477 ж.), Зрновци (2.221 ж.), Муртино (2.209 ж.), Василево (2.174 ж.) и Русиново (2.095 ж.).[4] Од етнички аспект, 311.286 или 91,9 % жители се Македонци, а останатото население претставуваат Турци, Власи , Роми, Срби и останати. Турците најмногу се застапени во областа Јуруклак, во Струмичко, Радовишко, Лакавичко и Штипско. Власите живеат во Штипско, Овче Поле, Кочанско и Лакавичко, а Ромите во најголем број живеат во градовите Штип, Кочани и Виница. На табелата е прикажан бројот на население во регионот по општини, поделено по етнички групи:[4]
Според бројот на жители, најголема општина е Струмица, а најмала Лозово, додека според површина најголема територија зафаќа општината Берово, а најмала - Зрновци. Според проценките на население, во 2018 година во овој регион живееле 331.703 жители.[5] ДијалектиНа територијата на Источна Македонија егзистираат неколку дијалекти, кои се класифицираат во две наречја. Дијалектите кои се дел од Југоисточното македонско наречје се: Штипско-кочански дијалект, Струмички дијалект и Малешевско-пирински дијалект. Дијалекти кои се дел од Северното македонско наречје се: Овчеполски дијалект и Кратовски дијалект. Манастири во Источна Македонија
ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia