Битка кај Трафалгар
Битката кај Трафалгар (21 октомври 1805) била водена помеѓу Британската кралска морнарица и здружената флота на Франција и Шпанија како дел од Наполеоновите битки (1803-1815). Оваа битка била најрешителната победа дотогаш на Британците, и ја предодредила британската поморска доминација во XIX век. 27 воени бродови предводени од адмиралот Хорацио Нелсон ги победиле 33-те француски и шпански бродови предводени од францускиот адмирал Пјер Вилнев. Битката се одиграла на југозападниот брег на Шпанија, кај Кадис, близу ‘ртот Трафалгар (36°11′N 6°2′W / 36.183°N 6.033°W). Поразената флота на французите и шпанците изгубила вкупно 22 брода, а победниците ниту еден. Нелсон применил една нова тактика, наместо да ја постави флотата паралелно со противничката, тој ја поставил нормално на неа и со тоа се здобил со предност и покрај бројната надмоќ на непријателот. Нелсон бил смртно ранет во битката, но останал како најголем поморски воен херој на Британија. Адмиралот Пјер Вилнев бил заробен заедно со неговиот брод Букентаур. Шпанскиот адмирал Федерико Гравина избегал со остатокот од флотата, но починал по неколку месеци од раните здобиени во битката. Во чест на победата во оваа битка и јуначката смрт на адмиралот Нелсон, во 1843 г. на плоштадот Трафалгар во Лондон е поставен Нелсоновиот столб, дело на архитектот Вилијам Реилтон. Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia