Благородна Маркова
Благородна Панова Маркова (14 март 1927 во Тетово — 1944 во Тетово) — македонска партизанка, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1] ЖивотописПроизлегува од градско работничко семејство. Завршила основно училиште, а подоцна работела како плетачка. Од 2 ноември 1942 година се преселила во Скопје. По доаѓањето во Скопје учествувала во илегалното движење против окупаторот, особено во собирање материјална помош и опфаќање нови младинци за борба против окупаторот. На 14 август 1944 година заминала во партизани, а подоцна стапила во Шеснаесеттата македонска ударна бригада. Се истакнала со својата храброст во борбите против балистите и Германците, на падините на Скопска Црна Гора. Во борбите што се воделе во Тетово, иако партизаните ги разбиле балистичките банди, била заробена и ѕверски убиена. Телото не и било пронајдено.[1] Наводи |
Portal di Ensiklopedia Dunia