Благоја Видиниќ
Благоја Видиниќ (11 јуни 1934[1] – 29 декември 2006) — македонски фудбалер и тренер, поранешен играч, и поранешен олимпиец од српско потекло. Роден во Скопје, тој играл за екипите на ФК Вардар, ФК Раднички Белград и ОФК Белград во Југославија, потоа во ФК Сион од Швајцарија.[2] Во 1967 се преселил во САД и играл за тимот на Лос Анџелес Торос во Западноамериканската фудбалска лига, настапувајќи 20 пати таа сезона.[3] Сезоната 1968 ја започнал во новоформираниот клуб наследник Сан Диего Торос, пред да се префрли во Ст. Луис Старс.[3] Тој ја претставувал Југославија како голман на Летните олимписки игри во 1956 и 1960 година, освојувајќи го сребрениот медал на првото и златниот медал на второто учество.[1][4] Тој исто така настапувал и на европското првенство во 1960 година кога Југославија завршила на второто место. По повлекувањето од фудбалот, Видиниќ станал тренер и предводел две африкански репрезентации на Светското првенство во фудбал: Мароко во 1970 и Заир во 1974.[5] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia