Благоја Паровски

Благоја Паровски
Роден 1919 година
Булачани, Кралство СХС
Починал октомври 1944 година
Љубанци, ДФ Македонија, ДФЈ
Починал во партизанската болница во Љубанци, каде бил донесен ранет од бојното поле.

Благоја Јованчев Паровски ( 1919 во Булачани1944 во Љубанци) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

Произлегува од сиромашно семејство. Завршил основно училиште, а потоа се занимавал со земјоделство. Како симпатизер на народноослободителната борба, на 12 септември 1944 година стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада. Со неа учествувал во сите борби против балистичките банди и Германците на падините на Скопска Црна Гора. Непосредно пред завршните операции за ослободувањето на Скопје, на патот за Качаник, во една борба против Германците бил тешко ранет. Од таму бил пренесен во партизанската болница во Љубанци каде подлегнал на раните. Бил закопан во селските гробишта во Булачани.[1]

Поврзано

Наводи

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 228. На |first= му недостасува |last= (help)
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya