Србин Паровски
Србин Јованчев Паровски ( 1921 Булачани ― 16 април 1945 во Будровци) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1] ЖивотописПроизлегува од сиромашно семејство. Завршил основно училиште, а потоа се занимавал со земјоделство и чување на добиток. На 7 септември 1944 година стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада. Со неа учествувал во сите борби против балистите и Германците на падините на Скопска Црна Гора. По ослободувањето на Скопје во состав на Бригадата ја продолжил борбата на Косово. Таму биле разоружани и дефинитивно уништени заостанатите балистички банди. По извршувањето на овие борбени задачи заминал за Срем, каде учествувал во завршните операции. На 16 април 1945 година во борбата кај Будровци во Хрватска, загинал. Неговите посмртни останки биле пренесени и погребани во неговото родно село Булачани. ПоврзаноНаводи |
Portal di Ensiklopedia Dunia