Благоја Ристески - Платнар
Благоја Ристески - Платнар (Прилеп, 5 март 1949 - Прилеп, 20 октомври 2004) — македонски поет, писател, драматург и колумнист.[1] ЖивотописДипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје во 1975 година. Особено внимание му посветува на богатството на македонскиот јазик, транспонирајќи го во култивиран драмски дискурс. Тој е еден од ретките автори кој умее драмските текстови да ги пишува во стихувана форма и со специфичен архаичен збор. Обработува теми од македонското милје, македонските митови и од македонската историја и политика. Драмски текстови: Carcinoma mamae (1982); Спиро Црне (1989); Арсениј (1993); Ибро јаране (1994); Летни Силјане (1994); Лепа Ангелина (1995); Венко (1998). Награди: Награда за најдобар драмски текст на Македонскиот театарски фестивал Војдан Чернодрински - Прилеп, за текстовите Спиро Црне (1989) и Лепа Ангелина (1996). Неговите драми се преведени и изведувани на англиски, чешки, полски, руски, француски, романски, српски, словенечки, турски и на бугарски јазик. Починал во Прилеп на 20 октомври 2004 година[2]. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia