Блажо Еленов
Блажо Еленов ( 1908 во Ваташа — 1967 во Кавадарци) — македонски партизан, учесник во Народноослободителната војска на Македонија и бил на чело на Општина Кавадарци[1] во 1944 година.[2] Животопис![]() Потекнувал од занаетчиско семејство. Го изучил шивачкиот занает кај Спиро Даскалов, а потоа заминал во Загреб каде што работел во една шивачка задруга. Во 1931 година се вратил во Кавадарци и се вклучил во активностите на напредното движење. Во пролетта 1937 година бил уапсен и осуден на три месеци затвор во Велес поради комунистичка дејност.[2] Бил дел од групата кавадаречки занаетчии кои заминале на привремена работа во Белград.[3] Во времето на исфрлање на тиквешкиот партизански одред е доста активен, а на 20 мај 1943 година заедно со една поголема група кавадарчани е уапсен од бугарската полиција и интерниран во Свиштов во работните логори за превоспитување, каде што останал шест месеци.[2] По ослободувањето на Кавадарци на 20 септември бил избран за претседател на НOO на која функција останал неколку месеци. По војната се повлекол од политиката и продолжил да работи на својот занает. Починал во 1967 година во Кавадарци.[2] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia