Блатна стрнарка
Блатната стрнарка (науч. Emberiza schoeniclus) е врапчевидна птица овесарка од семејството на стрнарките Emberizidae, група, која современите авторитети ја издвоија од семејството на зебите Fringillidae. Распространета е низ Европа и умерена и северна Азија, вклучувајќи ја и Македонија. Таа е претежно птица преселница која зимува понајуг, но популациите кои живеат во топлиот југозапад од опсегот се постојани жители. ОписБлатната стрнарка е птица со средна големина, долга 13.5-15.5 см, со мал, но цврст клун карактеристичен за птиците што се хранат со семиња. Мажјакот има црна глава и грло, бел околувратник, бели долни делови и многу избразденошарен кафеав грб. Женката е многу побледа, со кафеава глава со линии и одоздола е, исто така, цела прошарана со линии. Песната на мажјакот е повторливо, на некој начин монотоно црип. ПоведениеЖивеалиштето на блатната стрнарка се влажните предели, ливадите крај мочуриштата, трските и бујната вегетација. Гнездото го прави на земја или ниско близу до земјата каде несе 4-7 јајца со карактеристични шарки, како влакненца. Младенчињата ги храни со инсекти, инаку се храни со семиња. Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia