Борботски манастир
Борботски манастир „Св. Ѓорѓи“ (грчки: Μονή Αγίου Γεωργίου Επταχωρίου) — машки манастир во Костурско, Егејска Македонија.[1] Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија. Изворно ѝ припаѓал на Охридската архиепископија. Манастирот е сместен во шумовита клисура на планината Горуша. Се наоѓа на територијата на Општина Нестрам, на 4 км југоисточно од селото Борботско. Основан е во втората половина на XVII век, по изградбата на црквата во 1625 г., што е обележано на ктиторскиот натпис. Во извесни периоди во османлиско време манастирот бил женски, но е урнат на крајот од XIX век. Во XX век во него спорадично се вселувале монаси, а управата е доверена на свештеник од Борботско.[2] Параклисот „Воведение на пресв. Богородица“ и конаците се подигнати во 1881 г. Црквата е од светогорски тип, со две куполи и фрески.[1] До 1974 г. манастирот бил во состав на Шишанско-сачишката епархија, по што прешол под Костурската.[1] Во 1973 г. манастирската црква заедно со параклисот „Воведение на пресв. Богородица“ се прогласени за заштитен споменик на културата.[3] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia