Цариградска патријаршија
Цариградска патријаршија позната и како Вселенска патријаршија (грчки: Οἰκουμενικὸν Πατριαρχεῖον Κωνσταντινουπόλεως, Oikoumenikòn Patriarcheîon Kōnstantinoupóleōs; турски: Rum Ortodoks Patrikhanesiе [4][5]) — една од четиринаесетте автокефални православни цркви, со седиште во Истанбул, Турција. На нејзино чело стои Вселенски Патријарх, кој има статус на "прв меѓу еднаквите" од останатите православни епископи во светот. Моментален патријарх и духовен водач[6] на околу 300 милиони православни христијани во светот[7] е Вартоломеј I. ИсторијаСоздадена е откако е расцепена Римското Царство (395 г.) на чело со епископ, а од 451 г. од патријарх. Во 596 година патријархот се прогласува за Вселенски патријарх. После паѓањето на Цариград под османска власт (1453 г.) на цариградскиот патријарх му е дадено правото да биде духовен водич на сите источни (словенски) христијани во пределите на империјата. Во првите векови на османското владеење, Цариградската патријаршија игра улога на потпомагач на црковното и училишното дело во Османлиското Царство и противдејствува на некои од обидите на исламот за потурчување на одделни региони на Балканот. Од XVIII век и почетокот на XIX век таа започнува да се претставува како грчка, со што се стреми кон грцизирање на негрчкото христијанско население во империјата. Цариградската патријаршија ја претставува црковна и училишна дејност во Македонија и Одринско, кои после Берлинскиот конгрес од 1878 г. одново се под османската власт. Таа ги поткрепува и грчките и српските области, но не ја признава автокефалноста на бугарската црква. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia