Борјанчо Мицевски
Борјанчо Мицевски (Крива Паланка, 14 август 1971 — Крива Паланка, 24 ноември 2024) — македонски политичар и поранешен градоначалник на Општина Крива Паланка од 2017 година до 2021 година. Негов наследник бил Сашко Митовски.[1][2] БиографијаОсновно и средно образование завршил во родниот град Крива Паланка, а ПМФ во Скопје, во 1996 година.[3] По дипломирањето работел на повеќе работни позиции: бил в.д директор на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, член на Советот на Општина Крива Паланка, и друго. Градоначалник на Општина Крива Паланка станал на локалните избори во 2017 година, како кандидат на СДСМ. На локалните избори во 2021 година Мицевски бил поразен и Сашко Митовски станал градоначалник. На 24 ноември 2024 година заради здраствени причини Мицевски починал. Истиот ден, Венко Филипче, новиот водач на СДСМ, најавил на Фејсбук за смртта на Мицевски.[4] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia