Општина Крива Паланка
![]() ![]() Општина Крива Паланка — општина во Североисточна Македонија, Република Македонија. Седиште на општината е градот Крива Паланка. ГеографијаОпштината го зафаќа североисточното подрачје од Република Македонија, простираќи се на средна надморска височина од 400 метри (Славишко Поле) до 2252 метри (врвот Руен) на Осоговските Планини. Крива Паланка е град кој лежи на устието на две реки: Крива и Дурачка, кои извираат високо во Осоговските Планини во југоисточнниот дел од општината. Општина Крива Паланка се протега на површина од 480,81 км2 на која се наоѓаат повеќе населени места - градот Крива Паланка и селата Б’с, Баштево, Борово, Варовиште, Габар, Голема Црцорија, Градец, Длабочица, Добровница, Дренак, Дрење, Дурачка Река, Жидилово, Киселица, Конопница, Костур, Кошари, Кркља, Крстов Дол, Лозаново, Луке, Мала Црцорија, Мартиница, Метежево, Мождивњак, Нерав, Огут, Осиче, Подржи Коњ, Станци, Т’лминци, Трново и Узем. СтопанствоДемографијаСпоред пописот од 2002 година, во Општина Крива Паланка живеат: 19 998 Македонци (96,06 %), 668 Роми (3,21 %), 103 Срби (0,49 %) и други (0,24 %).[2]
Општествени установиСамоуправа и политикаГрадоначалник на општина Крива Паланка е Борјанчо Мицевски од редовите на СДСМ. Тој бил избран на локалните избори од 2017 година за мандат од четири години.[3] Советот на општина Крива Паланка е составен од 19 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се: ![]() СДСМ: 12 места ВМРО-ДПМНЕ: 7 места Културни и природни знаменитостиРедовни настаниЛичностиКултура и спортФК Осогово (Крива Паланка), оформен 1934 година, а во својата историја носел разни имиња, како Бентос и слично. Тука својата кариера ја има почнато Срѓан Захариевски. ИселеништвоНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia