Босанскохерцеговски Македонци
Македонците во Босна и Херцеговина, познати и како Босанскохерцеговски Македонци или само Босански Македонци, се малцинство коe живеe во Република Босна и Херцеговина. Според последниот попис од 1991 година, во таа држава живееле 1,596 Македонци.[2] Денешниот број на Македонците кои живеат во БиХ е непознат. ИсторијаМакедонците почнаа да се доселуваат во територијата на денешна БиХ при почетокот на XX век.[1] Нов бран на Македонци следувал во периодот по Втората светска војна, кога двете држави, Босна и Херцеговина и Македонија биле дел од новата СФРЈ.[2] Македонците претежно се доселиле во градовите, како Бања Лука, Сараево, Зеница, Бијељина, Добој, Дервента, Мостар, Зворник, Приедор и други места.[1] ОрганизацииМакедонците во БиХ имаат формирано две организации, првата беше формирана во Сараево во 1992 година. Другата, Асоцијацијата на Македонците во Република Српска, беше формирана во 2002 и е сместена во Бања Лука.[3] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia