Бошавски манастир
Бошавскиот манастир (познат и како Бошавички манастир) — манастир во селото Долна Бошава, сместен по течението на реката Бошава, во срцето на истоимената етногеографска област. Манастирот има една црква - „Св. Архангел Михаил“.[1] ИсторијаМанастирската црква и манастирските конаци биле подигнати во 1839 година. Овој податок се наоѓа над северниот влез во црквата од надворешната страна врежан врз камена плоча. АрхитектураГрадбаМанастирската црква е трокорабна со два реда колони што формираат три кораби. Во горните делови на јужниот и северниот ѕид се наоѓаат прозорците што ја осветлуваат внатрешноста на црквата. Сводовите се покриени со дрвени таваници, од кои страничните се пониски од средниот кораб. Постојат два влеза на црквата, еден од северната, а друг од западната страна. Манастирската црква има отворен трем откај западната и мал дел од северната страна. ФрескоживописЖивописот во црквата потекнува од 1880 година, за кој има натпис кој се наоѓа над истиот влез само од внатрешната страна. Во натписот се вели дека зографи биле браќата Коста, Никола и Вангел со синот Наки од Крушево, во годината 1880, месец јули. Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia