Црква „Св. Архангел Михаил“ - Долна Бошава
Свети Архангел Михаил — главна и единствена манастирска црква на Бошавскиот манастир во кавадаречкото село Долна Бошава.[1][2] Се наоѓа на еден километар северно од селото веднаш над патот што води кон селото Крњево. Црквата е подигната во 1839 година заедно со манастирските конаци. Овој податок се наоѓа над северниот влез во црквата од надворешната страна врежан врз камена плоча. ГрадбаАрхитектонски описЦрквата е трокорабна со два реда колони што формираат три кораби. Во горните делови на јужниот и северниот ѕид се наоѓаат прозорците што ја осветлуваат внатрешноста на црквата. Сводовите се покриени со дрвени таваници, од кои страничните се пониски од средниот кораб. Постојат два влеза на црквата, еден од северната, а друг од западната страна. Манастирската црква има отворен трем откај западната и мал дел од северната страна. ЖивописНа северниот ѕид, во првата зона од запад кон исток се зографисани: пророкот Исаија, Св. Петка, Св. Харалампиј, Св. цар Константин и царица Елена. Во втората зона е композицијата од Стариот завет - „Жртва Аврамова", потоа следуваат фигурите на Св. Прокопиј и Св. Пантелејмон. На јужниот ѕид, во првата зона од исток кон запад во цел раст се претставени: Св. Антониј, Св. Ефтимиј, Св. Сава, Св. Зосим и Марија Египќанка, Св. Кузман и Дамјан. Следува една сцена за праведниот човек и за грешниот човек и на крајот е ликот на Св. Онуфриј. Во втората зона се насликани: Св. Меркуриј, Св. Мина, Св. пророк Илија, Собор на ангелите и Св. Трифун. На западниот ѕид е насликано Второто Христово пришествие, односно „Страшниот суд". На оваа композиција има поширок текст испишан на црковнословенски јазик а во превод гласи: Пророк Мојсеј му велет на Евреите: вие архијереи и Евреи ви реков да го верувате Христа, вие го мачевте и го распнавте на крст, сега џуап да мудајте. Овие се што се потурчуват. Овие се што прават пушлук сос родината. Овие се што наслушуват у комшиите. Овие се што даваат ексик. Овие се што спијат спрот светаја недела, што не одат на црква. Овие се ороспиите што фрлаат копиле. Овие се коџабашиите што јадат от сиромасите... Крушевските зографи Коста, Никола и Вангел кои се автори на фрескоживописот во манастирската црква на Бошавскиот манастир тие ги зографисале и црквите: во село Бохула - „Св. Атанасиј“ во 1879 година, во село Конопиште - „Св. Стефан“ во 1880 година, во Ресава - „Св. Архангел Михаил“ во 1881 година и во село Бегниште - „Св. Богородица“ во 1880 година, сите во Кавадаречко. Галерија
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia