Бојчиновци
Бојчѝновци (бугарски: Бойчиновци) — гратче во северна Бугарија, административен центар на општината Бојчиновци во Монтанската Oбласт. Има население од околу 1.418 жители (2022).[1] Географија и местоположбаГратчето се наоѓа на границата помеѓу Дунаската Рамнина и Предбалканот на 20 км североисточно од регионалниот центар Монатана. Во близина е сливот на реката Ботуња во Огоста. Бојчиновци е важен железнички јазол на линијата Софија – Видин. ИсторијаНаселбата била основана околу 1600 година, кога првите ѝ жители побегнале од селото Затворник кај денешното село Белотинци. Причината за нивното преселување била бесната чума.[2]Доселениците како најдобро место за населување избрале месноста „Селиштето“, која се наоѓа северозападно од сегашната локација на градот. Веднаш по Ослободувањето на Бугарија, Бојчиновци броел 300-400 луѓе. Бројот на населението почнал забрзано да расте дури во 1910-1911 година, кога била поставена железничката линија Софија – Видин. До 1916 година, населението на Бојчиновци брзо се зголемило и достигнало 1.142 жители. Во 1945 година во Бојчиновци била изградена најголемата индустриска фабрика во северозападна Бугарија, ДИК „Гаврил Генов“. Со државен Указ бр. 944 од 4 септември 1974 година Бојчиновци бил прогласен за град. Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia