Монтана (Бугарија)
Монтана (бугарски: Монтана, порано Кутловица) — град во Северозападна Бугарија, административен центар на општината Монтана во Монтанската Област. Има население од околу 40.044 жители (2022).[1] Сместен е во долината на реката Огоста на север од Балканот. Во времето на комунистичкото владеење во Бугарија го носел името Михаjловград. Градот е административен центар на истоимената општина и на Монтанската Област. Монтана е наследник на Municipio Montanensium. Областа Монтана e дел од римската провинциjа Горна Мизиjа од 29 век пред новата ера. Од 160 г. се споменува град Municipio Montanensium, изникнал на местото на древна тракиска населба. Од римскиот период се тврдината, општествените згради, бањите и театрите. Луѓето денес во Монтана често се исселуваат поради стопанско-економски причини во Софија. Во Монтана се наоѓа археолошки музеј и театар. Наводи
Надворешни врски
Збратимени градови
|
Portal di Ensiklopedia Dunia