Брачани
Брачани или Прачени (албански: Braçanji, Брачањи) — село во општината Девол на Горичката област, југоисточна Албанија. Географија и местоположбаСелото се наоѓа во горното течение на реката Девол, во мала котлина помеѓу планините Грамошта и Морава, околу 15 км југоисточно од градот Горица, на надморска височина од 930 м.[1] ИсторијаСелото се спомнува во османлиски дефтер од 1530 г. под името Брачани, спахиски зиамет и тимар со 40 христијански домаќинства, 33 неженети христијани и 5 вдовици христијанки.[2] За времето на Илинденското востание, селото испратило башибозук кој ги запалил и пљачкосал соседните македонски христијански села.[3] На етничката карта на Костурското братство од 1912 г. Брачани е означено како албанско село.[4] На картата на револуционерот Георги Христов, селото е претставено како Брачани.[5] Сè до 2015 г. селото било во состав на Општина Божиград. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia