Видово (Албанија)
Видово (албански: Vidohovë, Видохова или Vidovë, Видова) — село во општината Девол на Горичката област, југоисточна Албанија. Географија и местоположбаСелото се наоѓа во горното течение на реката Девол, во мала котлина помеѓу планините Грамошта и Морава, околу 18 км југоисточно од градот Горица, на надморска височина од 1.055 м. Сместено е во непосредна близина на границата со Грција, западно од поранешното село Калевишта во Костурско.[1] ИсторијаОд името на селото се гледа дека првично било македонско. Во даночните записници од средината на XV век Видохово е споменато со 19 глави на семејства и двајца неженети: Андрија, Михал, Алекса, Стефан, Јано, Јован, Дабижив, Мирко, Домнико, Јорг, Стефан, Калпак, Леко, Никола, Папа Димитри, Никола, Димитри, Новак, Тодор и една вдовица Мара. Вкупниот приход за државата од селото изнесувал 1.283 акчиња.[2] Според преданијата на старите слимничани Вангел Пржинков, Пандо Главиновски, Чомо Терзицки и Вангеле Синатковски, запишани по Граѓанската војна, повеќето семејства на селото водат потекло од Епир и од селата Чета, Ситница, Видово и други места кои денес во Албанија.[3] Во XIX век Видово било албанско село во Костурската каза на Горичкиот Санџак. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Видово имало 550 жители Албанци.[4] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Видово е чисто турско село во Костурската каза со 80 куќи.[5] Истовремено се појавува и Видохово како чисто албанско село со 75 куќи во Горичката каза. Најверојатно се работи за исто село, но со податоци основани од разни извори.[6] Грчка статистика од 1905 г. погрешно го претставува Видово како турско село со 650 жители. Во 1920 г. селото броело 644 лица.[7] На етничката карта на Костурското братство од 1912 г. Видово е означено како албанско село.[8] Сè до 2015 г. селото било во состав на Општина Божиград. Општествени установиКултурни и природни знаменитостиЏамии
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia