Браќа Кираџиевци![]() Том Кираџиев и Џон Кираџиев (исто познати како Кираџиевци) биле македонски стопанственици[1] во САД, заслужни за нивното создавање на регионално специјалитетско јадење познато како синсинатско чили. ИсторијаБраќата биле родени во Рупишта, Костурско,[2] од македонски родители.[3] Градот бил припоен за време на Балканските војни (1912-1913) од Грција. Поделбата од османлиските земји на Македонија меѓу балканските национални држави резултирала со фактот дека некои од Македонци емигрирале во Бугарија или ја напуштиле областа.[4] Атанас (Том) е роден во 1892 година. За време на Првата светска војна бил војник во бугарската армија. Во 1917 година бил отпуштен и се преселил во градот Софија, каде извесно време работел како сметководител.[5] Неговиот помал брат Иван (Јован) роден во 1895 година исто така служел одредено време во бугарската војска. Во 1921 година и двајцата емигрирале во Соединетите Американски Држави. Тие прво се населиле во градот Њујорк,[6] но откако продавале хот дог таму некое време, браќата го следеле нивниот голем брат Аргир (Арги) во Синсинати. Роден 1880 година, бил касиер на Бугарскиот егзархиски црковно-училишен одбор во Рупишта.[7] Арги се населил во Синсинати до 1918 година, каде што отворил самопослуга. Во Синсинати браќата почнаа да развиваат сопствен бизнис. Том се вработил како банкарски службеник и работел навечер, приготвувајќи чили за клиентите кај неговиот брат. Во тоа време Том го измислил регионалниот специјалитет познат како синсинатско чили. Во 1922 година тие отвориле штанд за хот дог сместен до бурлескиот театар. Том и Џон се вратиле во Бугарија за да најдат жени, додека Аргир за таа цел отишол во својата татковина. Аргир останал таму неколку години, а кога се вратил, неговите двајца браќа биле добро етаблирани и му обезбедиле работа како касиер. Според новинарот Васил Стефанов, во 1933 година браќата Кираџиевци биле меѓу најуспешните Македонци во градот, сопственици на голем и модерен ресторан во центарот на градот.[8][9][10][11][12] Сопругата на Аргир не се прилагодила во Соединетите Држави и тие се преселиле во Македонија во 1940-тите години.[13][14] Продавницата порасна и станала локален синџир. Во 1959 година, Кираџиевците објавиле дека се првите што излегле со нов дизајн за возење во автомобил, сервисирање на автомобили. Последниот човек кој го водел семејниот бизнис бил синот на Том Асен (Џо) Кираџиев. Од доцните 1950-ти години, кога здравјето на неговиот татко нагло се влошило, Џо ја презел продавницата Том починал во 1960 година, додека Џон починал во 1953 година. Во 2009 година, кога 79-годишниот Џо се пензионирал, ја продал продавницата. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia