Рупишта
![]() Рупишта или Хрупишта (дијалектно: Рупишча; грчки: Άργος Ορεστικό, Аргос Орестико, до 1926 г. Χρούπιστα, Хруписта[2]) — град во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Рупишта на Костурскиот округ, Грција. Населението брои 7.237 жители (2021). Географија и местоположбаГратчето Рупишта е оддалечено 9 км од градот Костур, на северозападната страна на реката Бистрица на надморска височина од 650 метри[3]. ИсторијаРупишта е стара македонска населба во која поради економскиот просперитет и сообраќајните врски почнале постепено да се населуваат турски, влашки и погрчени македонски семејства, така што тоа станало мешана населба со четири народносни групи[3]. Етнографски, гратчето Рупишта е мешано македонско-влашко-„грчко“ населено место на самата линија на разграничување на македонскиот и грчкиот јазик и етнос. По иселувањето на Турците во 1924 година, тука се населиле бегалски семејства со вкупно 863 лица[3]. За време на Граѓанската војна во Рупишта имало голема концентрација на жители од околните села, а по нормализирањето на состојбата во непосредна близина на гратчето биле изградени две нови населби - Каслас преименувана во Стадион во 1962 година и Аеродром (Аеродромион), кои по пописот од 1971 со наредба се споени со Рупишта и со тоа избришани и престанале да се водат како посебни населби во евиденцијата[3]. СтопанствоОсвен со трговија, жителите на Рупишта се занимаваат главно со земјоделство и овоштарство, како исо изработка на ракотворби од кои прочуени се влашките јамболлии[3]. Рупишта има доста големо стопанско и управно значење за поголемиот дел од јужниот крај на костурското подрачје. Рупишта е главниот центар на крзнарско-кожарската индустрија која што е застапена во поширокиот регион на западниот дел на Егејска Македонија и Костурско во областа на планините Вич, Грамошта и Пинд. НаселениеСпоред бројот на жителите Рупишта, го зазема второто место во Костурскиот округ[4]. Според статистиката на К’нчов во Рупишта живееле 1.100 Македонци, 700 Турци, 720 Власи и 170 Роми, додека Бранков е пообјективен кога споменува дека тука живееле и 100 Грци[3]. Милоевиќ, пак споменува дека Рупишта се состои од 270 македонски, 180 влашки, 50 грчки или погрчени и 250 турски куќи, односно вкупно 750 куќи[3]. Според пописите во XXI век, во 2001 година Рупишта броела 7838 жители, а во 2011 имала 7473 жители. Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Општествени установиГратчето е седиште на поголем дел од костурското подрачје на југ од Рупишта и во него се концентрирани повеќе административни и други служби[3]. Поради големината и стопанското значење Рупишта е прогласено за градска општина и има статус на град. Културни и природни знаменитости
Редовни настаниЛичностиЛичности родени во Хрупишта:
Култура и спортИселеништвоНаводи
Надворешни врскиНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia