Брег на Принцезата МартаБрег на Принцезата Марта (норвешки: Kronprinsesse Märtha Kyst) — дел од бреговата линија на Земјата на Кралицата Мод помеѓу 05° ИГД и Стенком-Вилсовиот Ледник (20° ЗГД). Целиот брег се граничи со ледени плочи со стрмнини високи 20-35 м. Овој брег е првиот дел на антарктичкото копно откриен од човекот. Тоа била Првата руска антарктичка експедиција од 1820 г. предводена од Фабијан Готлиб фон Белингсхаузен и Михаил Лазарев. Сегашното име на брегот го дал капетанот Јалмар Рисер-Ларсен како назив за подрачјето близу ’ртот Норвегија, откриен од истоимениот брод и грубо искартиран во февруари 1930 г. На 19 јануари 1939 г. Германците стасале до Брегот на Принцезата Марта во рамките на Германската антарктичка експедиција. Наречен е во чест на норвешката принцеза Марта. Во источниот дел се наоѓа истражувачката станица „Трол“, 235 км од брегот. Во водите кај брегот се наоѓа подводната косина Експлора. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia