Геолошки топографски институт на САД
Како служба во состав на Министерството за внатрешни работи на САД (со сосем поинаква надлежност од македонскиот истоименик), ова е единствениот негов огранок што се занимава со научна дејност. Во институтот работат околу 8.670 лица,[4] а седиштето се наоѓа во Рестон (Вирџинија). Поважни филијали има и во Лејквуд (Колорадо) и Менло Парк (Калифорнија). Мотото на установата гласи „Science for a changing world“ („Наука за свет кој се менува“).[5] ИсторијаИнститутот е основан како одговор на извештај од Националната академија на науките со законски акт на Конгресот, донесен на 3 март 1879. Новооснованата установа била задолжена со „класификација на државното земјиште и испитување на геолошкиот состав, минералните ресурси и производите во општествена сопственост.“ Главен двигател на задачата била неопходноста од попишување на огромните површини стекнати со купувањето на Луизијана во 1803 и Американско-мексиканската војна во 1848. При неговото основање, првиот директор на институтот, Кларенс Кинг, го составил со обединување на различни неповрзани регионални геодетски служби По кратко време на директорското место го наследил Џон Весли Пауел. Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia