Брег на Принцезата Рагнхилда![]() Брег на Принцезата Рагнхилда (норвешки: Prinsesse Ragnhild Kyst, англиски: Princess Ragnhild Coast) — дел од бреговата линија на Земјата на Кралицата Мод на Антарктикот помеѓу 20° ИГД и Рисер-Ларсеновиот Полуостров (34° ИГД). Целиот брег е обиколен од ледени плочи освен источниот крај. Откриен е од Јалмар Рисер-Ларсен и Нилс Ларсен со прелет на авион од бродот „Норвегија“ на 16 февруари 1931 г. и наречен по норвешката принцеза Рагнхилда.[1] Заливот Вествика е залив на западната страна на Рисер-Ларсеновиот Полуостров; картиран е од воздушни снимки направени на експедицијата на Ларс Кристенсен во 1936–37 г. и наречен Вествика, со значење „западен залив“.[2] Место од орнитолошка важностВо пукнатина на ледената плоча има место од 379 ха сочинето од прицврстен мраз, околу 230 км западно од Рисер-Ларсеновиот Полуостров. Овој предел е прогласен за место од орнитолошка важност од страна на BirdLife International бидејќи на него живее колонија од царски пингвини, првично откриени на сателитска снимка од 2009 г. Подоцна местото е посетено, и во 2014 г. избројани се 20.000 возрасни и младенчиња.[3] ПоврзаноИзвори
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia