Ломбардија (италијански: Lombardia, ломбардски: Lumbardia) — еден од 20. региони на Италија. Главен град е Милано. Шестина од населението на Италија живее во Ломбардија и околу една петтина од БДП на Италија се произведува во регионот, правејќи го најнаселен и најбогат регион во државата и еден од најбогатите во цела Европа.[3] Главни туристички одредишта во регионот се историските, културните и уметничките градби во Милано (кој е второто туристичко одредиште во Италија),[4]Бреша, Мантова, Павија, Комо, Кремона, Бергамо, Сондрио, Леко, Лоди, Варезе, Монца и езерата Гарда, Комо, Маџоре и Изео.
Службен јазик, како и во цела Италија, е италијанскиот. Традиционални локални јазици се различни дијалекти на ломбардскиот јазик (западно- и источноломбардски), како и некои дијалекти емилијанскиот јазик, говорени во некои делови на покраините Мантова, Павија и Кремона. Според Истат, скоро 27% од Ломбардијците ги говорат и италијанскиот и ломбардскиот јазик; 9,1% само ломбардскиот, а 57,6% само италијанскиот.[5]