Натпреварите во трката на 10000 m во брзо лизгање во машка конкуренција на Зимските олимписки игри 2010 се одржаа на 23 февруари, со почеток во 11:00 по месно време (UTC-8). Во натпреварите учествуваа 15 лизгачи од 9 земји.
Најголем фаворит за освојување на златниот медал пред почетокот на трката беше Свен Крамер. Во трката, на неколку круга до крајот, тој имаше предност од дури 6 s во однос на Ли Сонг Хун од Јужна Кореја, но наместо да ја замени патеката и продолжи во надворешната, тој повторно влезе во внатрешната патека, со што беше дисквалификуван. Со тоа, олимписки првак стана Ли Сонг Хун, кој постави нов Олимписки рекорд, со време од 12:58,55. По трката, тренерот на Крамер, Герард Кемкерс, ја презеде одговорноста за грешката на својот ученик, додавајќи дека „тоа е најлошиот ден во неговиот живот“.[1]
Рекорди
Освојувачи на медали
Наводи
Надворешни врски