Канадскиот олимписки комитет вети дека Канада ќе освои најголем број на златни медали на игрите во Ванкувер. На претходните Олимписки игри, одржани во Канада, спортистите од оваа земја не освоиле ниту еден медал. Иницијативата за остварување на овој успех беше наречена „Најдобри достигнувања“ (англиски: Own the Podium).[2] Домашните спортисти ги потврдија најавите на комитетот и освоија рекордни 14 златни медали од вкупно 26 освоени.
Избор на град домаќин
Одлуката за доделување на организацијата на игрите на градот Ванкувер беше донесена на 2 јули 2003 година, на 115. седница на Меѓународниот олимписки комитет, која се одржа во Прага.[3] Останати кандидати беа Пјонгчанг и Салцбург.
Резултати од гласањето за избор на град-домаќин на Зимските олимписки игри 2010[4]
Оперативните трошоци за Зимските олимписки игри 2010 беа проценети на 1,354 милијарди $ (2004), но во средината на 2009, новата проценка изнесуваше 1,76 милијарди $.[5] Целиот износ на оперативните трошоци е покриен од невладини извори, односно преку спонзорства и продажбата на правата за емитување на настанот преку телевизиски пренос. Парите на даночните обврзници, во висина од 580 милиони долари беа потрошени за изградба на инфраструктурата во Ванкувер, Вислер и Ричмонд. Пресметката на трошоците за безбедност изнесуваше 200 милиони долари, а овие средства исто така се дел од државниот буџет. Агенцијата која е ангажирана за обезбедување на безбедноста на игрите е Канадската кралска коњичка полиција. Овој почетен износ се покажал како недоволен, па бил зголемен до износ од 1 милијарда долари.[6] Непосредно пред почетокоѕ на игрите, во февруари 2010, вкупните трошоци за игрите, вклучувајќи ги и трошоците за надградба на инфраструктурата во регионот беа проценети на 6 милијарди долари, додека трошоците потрошени директно за игрите беа проценети на 600 милиони $. Ревизорската куќаPrice-Waterhouse, во својот извештај наведува дека користите и прходите за градот и провинцијата ќе бида о износ од 10 милијарди $, одека директните приходи се проценети на 1 милијарда долари.[7]
Краток преглед
Марка на Македонска Пошта по повод Зимските олимписки игри 2010 во Ванкувер (ФДЦ 2/2010, 12 февруари 2010)
Неколку часа пред церемонијата на свеченото отворање на игрите починал 21. годишниот грузиски санкач Нодар Кумариташвили, незгодно свртувајќи се и удирајќи со главата во челичен столб, со брзина од 143,3 км/ч.
Швајцарецот Симон Аман победил на двата поединечни натпревари во скијачки скокови, со што го повторил успехот од игрите во 2002 година и станал првиот натпреварувач кој на Зимските олимписки игри успеал да освои 4 златни медали во поединечна конкуренција во овој спорт.
Во скијачко трчање, Марит Бјорген од Норвешка освоила 3 златни, еден сребрен и еден бронзен медал, со што била најуспешна спортистка на игрите.
Во боб, Андре Ланге од Германија станал првиот натпреварувач во историјата на спортот, кој освоил 4 златни медали на Олимписките игри.
Љубителите на хокеј на мраз биле сведоци на одличен финален натпревар, во кој домашната репрезентација на Канада ја совладала репрезентацијата на САД со 3-2, со постигнат златен гол.
По бројот на освоени златни медали, канадските спортисти освоиле рекордни 14 златни медали. Спортистите од САД освоиле, исто така, рекордни 37 медали.