Бричење![]() Бричење[1][2] — постапка на отстранување на влакната, најчесто од брадата, односно лицето, но и од другите делови на телото, со брич, ноже, бричалка или електрична бричалка. ИсторијаПред пронаоѓањето на бричот, косата понекогаш се отстранувала со помош на две раковини од школки.[3] Подоцна, 3000 г. пр. н. е. кога биле развиени бакарни алатки, биле изработени и бакарни бричеви. Можно е естетското разбирање на хигиената да започнало од тоа време, но можно е и египетските свештеници да практикувале нешто слично пред тоа. За време на неговото владеење, Александар Македонски силно го промовирал бричењето и го објаснувал како предност во борбите, а верувал и дека на тој начин се постигнува поуреден изглед.[4] ПостапкаИако постапката на бричење е дел од секојдневните дејности на многу луѓе, особено на мажите, во денешно време во него учествува и науката. Според тврдењето на Технолошкиот центар на компанијата „Жилет“, врз основа на опити, сувите влакна на машката брада се цврсти како бакарна жица. За да се омекнат влакната, постојат различни постапки, но наједноставна е миењето (или капењето) пред бричење или нанесувањето топла крпа на лицето. Топлината на водата го топи лојот кој вообичаено го произведуваат лојните жлезди во кожата, а ако е над 48 °C ќе уништи 95 % од бактериите кои би предизвикале надразнување на кожата по бричењето. Влакната потоа ќе впиваат вода и ќе се шират, па ќе биде потребна помала сила за нивно сечење. Пената за бричење што се нанесува пред бричење има две улоги: да го подмачкува отсекувањето на влакната и да делува како заштитен слој помеѓу сечилото и кожата. Затоа, пената содржи и детергент, но и масла. Средствата со активни состојки содржат позитивно наелектризирани молекули, чија цел е да делуваат што подобро на кожата (која е „негативно наелектризирана“), но научно не е докажано дека овој контакт е доволно долг. За разлика од минатото, денешните бричалки се изработуваат со повеќе (до четири) сечила што е корисно на многу начини. Имено, првото сечило го извлекува влакното од фоликулот, иако за неколку нанометри, што е доволно за да се подготви да се исече со следното сечило. Ова се прави за да се исечат деловите од влакната кои се вообичаено под кожата. При бричење, силата што делува на влакната е од половина до килограм и пол. Таквата сила применета на само едно сечило би предизвикала испакнување на кожата и создавање отпор, но тоа се намалува како што се зголемува бројот на сечилата. Насоката на движење на бричалката е важна за целосно отстранување на влакната. Ако насоката е спротивна на насоката на раст на влакната, тогаш таквото отстранување ќе биде целосно, но ќе предизвика надразнување на кожата. Имено, ги сече нервните завршетоци и ги кине влакната што се во неприродна положба. Последиците се микроскопски мали процепи во кои влегуваат бактериите. Доколку влакната се сечат во насока на растењето, нема да се појават такви негативни појави, но за темелно отстранување на влакната потребно е со сечилото да се помине најмалку два пати. Со бричењето се отстранува киселиот слој кој природно ги отфрла бактериите. Производите за после бричење ја надоместуваат оваа загуба, но оние на база на алкохол ја сушат кожата, што е уште полошо бидејќи веќе со отстранување на киселиот слој со бричење, се дозволува водата полесно да ги напушта клетките. Затоа хидратантните креми можат да помогнат и да го заменат изгубениот заштитен слој додека кожата повторно не го створи. Но, на некои мажи тоа не им е потребно, што зависи од особеностите на нивната кожа.[5] Здравствено гледиштеВеб-страницата препорачува бричење најмалку три пати неделно, но и темелна подготовка која ќе спречи сраснување на влакната и воспаление, што вклучува и пилинг на лицето најмалку два пати неделно.[6] Покрај советите за бричење на лицето, разни страници нудат стручна помош при бричење на други делови од телото. Еден од начините за сузбивање на првутот, но и габични заболувања на кожата на главата е бричење на главата. Според медицинскиот сајт, ова решение е ефикасно, но треба да биде последно.[7] Според веб-страницата на едно машкото списание, модерното време им наметнува на мажите да ги бричат влакната под мишки, и притоа треба да внимаваат бричот да е нов и чист, да не се бричат со хоризонтални потези и никогаш да не се „сушат“, па дури и да вклучат повеќе витамин Ц во исхраната.[8] Еден од советите за бричење на нозете е тоа да се прави навечер, за да може кожата да закрепне през ноќта, како и бричењто да се врши во топла просторија, за кожата да не се ежи.[9] Според веб-страницата на списанието „Beauty & Health“, се претпоставува дека бричењето на срамните влакна е уште еден метод за отстранување на влакна. Депилацијата на тие делови од телото бара многу стручност, а восокот може да предизвика несакани ефекти. Бричењето е побрзо, можно е да се врши дома и може да биде покреативно.[10] Освен совети, постојат т.н. „митови“, односно заблуди кои се широко прифатени. Еден од нив е дека бричењето ја прави косата погуста и поцврста. Меѓутоа, кога косата ќе се потстриже, нејзиниот врв станува остар, а кога ќе излезе, се добива впечаток дека е посилна и поостра отколку што била. Подоцна, кога ќе порасне, тој впечаток се губи.[11] Брзо ќе израсне бидејќи коренот ѝ останува недопрен. Влакната нема да бидат погусти, бидејќи тие растат од коренот, кој, како што е речено, е недопрен. Бричењето може да има и психолошка заднина. Освен погрешната информираност, понекогаш се случува родителите да се против многу младо девојче да си ги бричи нозете бидејќи самата практика им е туѓа. Исто така, тие може да имаат страв од повреда или надразнување на кожата или да станат свесни дека нивното дете расте.[12] СтатистикаДури 90%, што би изнесувало 94 милиони Американци на возраст над 15 години се бричат, а 75% го прават тоа секојдневно. Помладите мажи, на возраст од 15 до 20 години, се бричат во просек 275 пати годишно, а со возраста бричењето станува почесто, приближно еднаш дневно за оние над 20 години.[13] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia