Бродоградилиште![]() Бродоградилиште — место или претпријатие за изградба/поправка на бродови и пловила.[1][2][3] Земјите со големи бродоградежни индустрии вклучуваат Австралија, Бразил, Кина, Хрватска, Данска, Финска, Франција, Германија, Индија, Ирска, Италија, Јапонија, Холандија, Норвешка, Филипини, Полска, Романија, Русија, Сингапур, Јужна Кореја, Шведска, Тајван, Турција, Виетнам, Украина, САД. Во Европа, бродоградбата е поделена меѓу бројни помали фирми, додека во Азија индустријата е сосредоточена кај неколку големи фирми. Многу поморски бродови се изградени или одржувани во бродоградилишта во сопственост или управувани од националната влада или морнарица. Бродоградилиштата се изградени во близина на море или приливни реки за да им овозможат лесен пристап на нивните бродови. Обединетото Кралство, на пример, има бродоградилишта на многу од своите реки. ИсторијаНајстарата градба што можеби била бродоградилиште била изградена околу 2400 г. пр. н. е. од цивилизацијата на долината Инд во Лотал, древен пристаништен град во денешен Гуџарат, Индија.[4][5] Бродоградилиштето на Лотал било поврзано со стара патека на реката Сабармати и било дел од трговскиот пат помеѓу градовите Харапа во Синд и регионот Саураштра. Во тоа време, делови од денешниот округ Кач биле поврзани со Арапското Море, поддржувајќи ја поморската трговија. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia