Буххолц во НордхајдеЗа други истоимени места, погледајте Буххолц.
Буххолц во Нордхајде (германски: Buchholz in der Nordheide) — најголем град во округот Харбург, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа околу 25 километри југозападно од градот Хамбург. ГеографијаМестоположбаБуххолц во Нордхајде се наоѓа на источниот раб од Шварце Берге. Највисока точка во градското подрачје е Брунсберг со 129,5 метри. Соседни општиниБуххолц се граничи на север со општината Розенгартен (и нејзините места Емзен, Нендорф и Екел), како и со местото Раде од општината Ној Вулмсторф, на исток со Јестебург и Ханштет, на југ со Ундело и Хандело, додека на запад со Тоштет, Какенсторф, Дрештет и Венцендорф. Градски единициГрадот има вкупно 6 единици. Покрај самото градско јадро, градот има пет единици, кои поседуваат сопствен месен совет и месен претставник. Градските единици (подредени по бројот на жители):
КлимаКлимата во Буххолц е топла, со многу врнежи. Годишната просечна температура е 8,3 °C, додека паѓаат 745 mm врнежи просечно низ годината. ИсторијаВо 1958 година, Буххолц ги добил своите градски права. Во 1992 година, Буххолц бил погоден од мало торнадо, кое уништило многу дрвја и оштетило бројни куќи. Во 2002 година, температурата во Буххолц се искачила над 38 степени, што било севременски рекорд во областа. ПрипојувањаНа 1 јули 1972 година, општините Диберзен, Холм, Холм-Зепензен, Зепензен, Шпреце, Штајнбек и Трелде како и делови од распуштените општини Иценбител (Рајндорф) и Лилау (Холм-Зепензен) биле припоени кон градот во рамки на општинската реформа.[2] Бројот на жители во градот се зголемил за 50%. Население(на 31 декември, освен ако не е поинаку наведено)
Градот Буххолц во Нордхајде по припојувањата
ПолитикаГрадски советГрадскиот совет се состои од 38 избрани членови. Членовите се избираат на општи избори на секои пет години. На последните општински избори биле добиени следниве резултати:
Дополнително, самиот градоначалник е член на советот. ГрадоначалникМоментален градоначалник на Буххолц е Јан-Хендрих Резе (CDU). Збратимени градовиБуххолц во Нордхајде е збратимен со следниве градови: Познати личности
Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia