Бучински манастир
Бучински манастир — манастир во јужниот дел на Македонија, во близина на селото Бучин.[1] МестоположбаМанастирот се наоѓа во месноста Манастириште, сместен 2 километри северозападно од селото, на една падина. Покрај манастирот се наоѓала чешмата Јанкоец.[2] До него може да се дојде по земјен пат, кој е во добра состојба. ИсторијаСеќавањата на мештаните се дека манастирот првично бил подигнат кон крајот на XVIII век, но трипати бил пален од турскиот аскер и исто толку пати бил повторно обновуван. Последниот пат бил запален до темел.[3] Манастирот бил обновен на иницијатива на дедо Јонче Мишески врз изгорени темели, обраснати со трева и капини. Дедо Јонче на сон го видел местото каде порано имало манастир, а потоа во 1980-тите години ја иницирал повторната градба на манастирот, за кој собирал пари за изградба по околните села.[3] Во мај 2021 година дел од покривот на манастирската црква бил украден, а воедно биле искршени сите врати од конаците.[4] ГрадбиВо склоп на манастирот влегуваат една црква, конак, чешма и помошни објекти. Црква „Св. Ѓорѓи“Црквата е единствениот храм во манастирот. Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia