Црква „Св. Ѓорѓи“ - Бучин
Свети Ѓорѓи — манастирска црква на Бучинскиот манастир во крушевското село Бучин, Македонија.[1][2] Црквата е сместена северозападно од селото Бучин, помеѓу двата железнички тунела на неактивната линија Бакарно Гумно-Сопотница, до која води земјен пат. МестоположбаЦрквата се наоѓа во месноста Манастириште, сместена 2 километри северозападно од селото, на една падина. Покрај манастирот се наоѓала чешмата Јанкоец.[3] ИсторијаПодатоците од мештаните говорат дека црквата била подигната кон крајот на XVIII век, но трипати била палена од турскиот аскер. Иако била исто толку пати обновувана, последниот изгорела до темел и останала така. Дури во 1980-тите години на иницијатива на дедо Јонче Мишески била обновена црквата на изгорените темели, обраснати со трева и капини.[2] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia