Бјелашница
Бјелашница – планина во централна Босна и Херцеговина. Се наоѓа југоисточно од Сараево и се граничи со Игман. Највисокиот врв на Бјелашница, по кој целата планина го добила името, е висок 2067 м. Други значајни врвови се Крвавац (2061 м), Мали Влахиња (2055 м) и Хранисава (1964 м). Бјелашница на југ се граничи со Ракитница, Неретва на запад, Игман на североисток и Иван на северозапад. Близината со Сараево (20 минути) ја прави Бјелашница популарна туристичка атракција за планинарење и скијање. Потекло на поимотИмето на планината доаѓа од придавката bijel, што значи "бел". ГеологијаГеолошки, Бјелашница е дел од Динаридите и во голема мера е формирана од секундарни и терцијани седиментни карпи, главно варовник и доломит. КлимаУбавината на планината ја зголемува ќудливоста на нејзината клима. Таа е резултат на географската положба на Бјелашница во Динаридите, геолошкиот состав и надморската височина. Највисоките делови на Динаридите претставуваат граница на влијанијата на две клими – средоземната и континенталната. Така на Бјелашница се судираат воздушните маси од морето и од планината. Таквиот судир резултира со силни ветрови и дождовни и снежни врнежи во есенскиот период, а во зимскиот до големи количини снег кој се задржува до доцна пролет. Овие климатски специфичност се погодни за развој на зимски спортови. Средната годишна температура изнесува само 0,7 °C, заради изразито ниските зимски температури. највисоката температура достигнува 24 °C, а најниската -41 °C. Бјелашница во лето е прекриена со зелена трева, а во зима со снег висок и до 3 м.
Метеоролошка станицаБјелашница лесно се препознава од далеку по градбите на нејзиниот врв. Откако Австроунгарија ја окупирала Босна и Херцеговина после Берлинскиот конгрес во 1878 година, Австријците речиси веднаш ја инсталирале првата метеоролошка станица на врвот, создавајќи ја првата метеоролошка станица на целиот Балкан. Опремата била заменета во 1894 година со, за тоа време, многу напредна метеоролошка опсерваторија со постојана човечка посада.[4] Станицата сè уште постои и е важна алка во метеоролошките набљудувања на Балканот. Флора и фаунаДо висина од 1900 м, на Бјелашница се наоѓаат шуми и ливади, а над таа висина подрачјето е тревнато со полегната смрека. Највисоките гребени се голи. На Бјелашница живеат волк, мечка, дива свиња, срна, лисица и др. Зимски олимписки игри 1984За време на Зимските олимписки игри во 1984 година, на Бјелашница се одвиваа натпреварите во алпско скијање за мажи. За овозможување на овие игри изградена е потребната инфраструктура, од пристапен пат до ски-лифтови на ски-патеките.[5] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia