РакитницаЗа други значења на поимот, погл. Ракитница (појаснување).
Ракитница — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар. Географија и местоположбаСелото се наоѓа во крајниот северен дел на територијата на Општина Демир Хисар, недалеку од патот Демир Хисар-Крушево. Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 690 метри.[3] Атарот на селото зафаќа простор од 17,6 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 850 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 427 хектари, а на пасиштата 289 хектари.[3] Околни села се: Растојца од север, Радово од запад, Суво Грло и Ново Село од југ, Острилци од североисток, и Журче од југоисток. ИсторијаВо XIX век, Ракитница било христијанско село во рамките на Битолската каза (нахија Демир Хисар), на Отоманското Царство. На 23 јули 1902 година (нов стил) кај селото Ракитница дошло до битка помеѓу четата на војводата Веле Марков и турската војска. Во Битката загинува војводата Веле Марков, заедно со шест негови четници, додека Ѓурчин Наумов - Пљакот и уште тројца четници успеале да ја пробијат турската заседа. Вкупно 4 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[4] СтопанствоСелото во основа има полјоделско-шумарска функција.[3] Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Ракитница имало 255 жители.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Ракитница имало 240 жители.[6] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Ракитница се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 48 куќи.[7] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.[8] Ракитница е мало село, населено со македонско население. Така, во 1961 година селото имало 305 жители, а во 1994 година бројот се намалил само на 40 жители македонско население.[3] Според пописот од 2002 година, во селото живееле 37 жители, сите Македонци.[9] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 11 жители, сите Македонци. Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиРакитница е македонско село. Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1951 година родови во селото:[14]
Самоуправа и политика![]() Селото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на Општина Демир Хисар. Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Демир Хисар. Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Демир Хисар, во која покрај селото Ракитница, се наоѓале и селата Бараково, Вардино, Белче, Граиште, Единаковци, Журче, Кутретино, Мургашево, Ново Село, Лесково, Прибилци, Растојца, Сладуево, Слепче, Стругово и Суви Дол. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната Општина Растојца, во која влегувале селата Зашле, Кочиште, Ново Село, Растојца, Радово и Ракитница. Избирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 632 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на задружен дом.[15] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 10 гласачи.[16] Културни и природни знаменитости
ЛичностиРодени
ИселеништвоПостари иселеници до 1951 година од селото има во Романија (1 семејство), Бугарија (1 семејство, во Софија), Битола (1 семејство) и во Србија (1 семејство, во Вршац).[14]
Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia