Валамара
Валамара (албански: Mali i Valamarës; влашки: Valea Mari) — планина во Горичката и Елбасанската област, југоисточна Албанија.[1] Дел е од поголема низа планини кои се протегаат од север-североисток кон југ-југозапад, помеѓу долините на Шкумба на север и Девол на југ. Оваа планина е меѓу планините со најголема топографска истакнатост во Европа.[2] Највисоките делови изобилуваат со остатоци од глацијација во минатото, кога циковидните езера и вдлабнатини биле покриени со ледници.[3] Денес на Валамара има барем осум леднички езера.[4] Од источниот крај извираат неколку реки, меѓу кои е Шкумба, трета по должина во земјата.[5][6] Западниот и јужниот раб се одводнуваат од Девол, кој издлабил стрмна клисура меѓу планините. Главниот срт е доста сиромашен со дрва, додека пак пониските делови се шумовити, и тука живее кафеавата мечка.[7] Ледничките езера се во јужниот дел. Најблиски населени местаПоважни врвови
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia