ГлацијацијаРечиси една десетина од површината на Земјата е трајно покриена со лед. Ледената покривка и заледеното море ги оковале поларните краишта, а ледените куполи и ледници (ледници) лизгаат низ падините на високите планински венци. Ледниците се откриени дури и на планините на екваторот. Создавање на ледената купола
Одлики на ледникотОбично, ледниците се спуштаат од високите планини. Повеќето се движат со брзина од 2 м дневно, но на стрмните косини брзината може да биде и поголема. Понекогаш се потребни илјадници години за ледот да стигне до крајот на ледникот кој полека се движи. Леднички пределКога ледниците ќе се повлечат, да речеме на крајот од леденото доба, зад себе оставаат долини во облик на буквата U, фјордови и длабоки езера. Купишта морена создаваат леднички брекчиња и морски гребени. Залихи на водаПовеќе од 75% од залихите на вода во светот е замрзната во ледените слоеви, ледени куполи и ледници. Ледени процентиОколу 12% од морето и 10% од копното е трајно покриено со лед. Најдолги леднициТука се наведени најдолгите ледници во секој од главните ледени подрачја на светот.
Снежна границаСнежна граница е висина на која го одвојува подрачјето на вечен снег и лед од подрачјето на кое снегот се топи при потопло време.
Леден периодЛедени периоди се јавуваат во време на заладена клима на Замјата и пораст на количеството на лед. Научниците веруваат дека во последните милион години постоеле барем пет ледени периоди. Последно ледено добаПоследното ледено доба започнало пред 72.000 години, а завршило пред околу 10.000 години. Нивото на морето било околу 150 м пониско отколку денес, затоа што големи количини на вода биле заробени во облик на мраз. ЛавиниЛавина е маса снег и мраз кој одеднаш се стркалува низ планинската падина. Може да биде долга и цел километар, а понекогаш има брзина и од 360 км/ч. Ако на патот и се најде село, куќите ќе бидат срамнети со земја, а луѓето ќе загинат. Занимливости
Ледени сантиМорето се замрзнува кога температурата ќе падне под -1,9℃. Морскиот лед никогаш не е подебел од 5 м. Ледени рекордиНајбрзиот ледникНајбрзиот ледник е Кварајак на Гренланд, а се движи 20-24 м дневно. Најдебелиот ледНајдебелиот лед бил дебел 5 км, а се наоѓал во Вилксовата земја на Антарктикот. Тоа е повеќе од половина од височината на Монт Еверест. Најголемиот леден брегНајголемиот леден брег е долг 335, а широк 97 км; површината му е за трипати поголема од Кипар. Најголемиот број на жртви од една лавинаНајголемиот број на жртви од една лавина достигнуваат врој од 5000 во Хуарас, во Перу, на ден 13 декември 1941 година. Ледени бреговиЛедените брегови се парчиња лед откинати од ледник, ледена покривка. Највисокиот леден брегНајвисокиот леден брег е висок 167 м. Повисок е од катедралата „Св. Павле“ во Лондон. Заблежан е на Гренланд во 1958 година. Занимливости
|
Portal di Ensiklopedia Dunia