Валвејк
![]() Валвејк (холандски: Waalwijk) — град и општина во јужниот дел на Холандија, во покраината Северен Брабант. Градот се наоѓа близу автопатите А59 и Н261. Селата Капели, Врејхуве-Капеле, Спранг (поранешната општина Спранг-Капеле) и Васпик заедно со градот Валвејк ја создаваат општината Валвејк. Градот има старо градско јадро, кое неодамна било обновено. Населени места
Град ВалвејкВалвејк е град во покраината Северен Брабант, кој се наоѓа помеѓу Тилбург и Хертогенбос. Валвејк бил познат по неговите чевлари. Добил градски права во 1303 година. Професионалната фудбалска екипа РКЦ Валвејк игра во градот. Валвејк е исто така познат по настанот „80 van de langstraat“, кој се одржува секој септември, на кој илјадници луѓе пешачат 80 километри низ сите градови во областа Лангстрат. Галерија
Познати луѓе
Меѓународни односиЗбратимени градовиВалвејк е збратимен со следниве градови: Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia