Ванче ШиковВанче Шиков (роден 19 јули 1985 во Кавадарци, Југославија) — македонски фудбалер кој игра за Работнички во македонското фудбалско првенство и за фудбалската репрезентација на Македонија.
Фудбалска кариераВанче Шиков својата фудбалска кариера ја започнал во ФК Тиквеш од Кавадарци. Во 2002 година поттпишал за грчкиот прволигаш Шкода Скеча каде одиграл 55 натпревари и постигнал 2 гола. Во 2006 Шиков потпишал со најтрофејниот грчки фудбалски клуб Олимпијакос од Атина. По потпишувањето на договорот, во сезоната 2007-2008, Олимпијакос го позајмил Шиков на позајмица во Керкира каде одиграл 13 натпревари и постигнал 2 гола. Во 2008 година Шиков се преселил во кипарското фудбалско првенство и потпишал за тимот на Етникос Ахна каде за 3 години одиграл 77 натпревари и постигнал 4 гола. По трите поминати години на Кипар во летото 2011 потпишал 3 годишен договор со украинскиот прволигаш Волин[1]. Откако му завршил договорот со Волин, летото 2014 Шиков како слободен играч потпишал двегодишен договор со Австрија Виена.[2] За фудбалската репрезентација на Македонија има одиграно 35 натпревари и има постигнато 3 гола. Репрезентативни голови
Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia