Ванчо БурзевскиВанчо Бурзевски (2 јануари 1916 во Немањинци, Светиниколско — 8 мај 2007 во Скопје) — македонски комунист, борец за слобода на Македонија, учесник во НОВ, економист, универзитетски професор и амбасадор. ЖивотописБил учесник во МАНАПО во Загреб и во Белград (1938–1941) и член на КПЈ (1941). Во НОАВМ бил член на МК на КПЈ во Свети Николе (1941) и организатор на Воениот комитет за Овчеполската околија, секретар на ОК на КПМ во Гостивар, член на Окружниот комитет на КПМ во Тетово, секретар на Првиот областен комитет на КПМ, избран делегат за Второто заседание на АВНОЈ, делегат на Првото заседание на АСНОМ[1][2] и заменик-политички комесар на дивизија на НОВЈ. За време на НОБ, Бурзевски бил вклучен во една од најконтроверзните епизоди околу убиството на партизанката Лена Стојчевска.[3] По Ослободувањето бил секретар на Комисијата за аграрна реформа и колонизација и помошник на министерот за аграрна реформа и колонизација при Владата на ФНРЈ, началник на Контролната комисија на ФНРЈ, член на Централната ревизиона комисија на КПЈ, министер за земјоделство во Владата на НРМ, министер за стопанство во Владата на СРМ, републички и сојузен пратеник, член на ЦК на КПМ, член на Главниот одбор на ССРНМ и СЗБНОВ на Македонија, амбасадор на СФРЈ во Замбија, професор и декан на Економскиот факултет во Скопје. Носител е на Партизанска споменица 1941.[4] Трудови
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia