Вардар (списание)
![]() „Вардар“ — првото списание за наука, литература и политички прашања напишано на македонски јазик чиј уредник и основач бил Крсте Мисирков. Списанието било објавено на 1 септември 1905 година (стар стил) во Одеса, Украина.[1][2] Се планирало да излегува еднаш месечно, но списанието излегло само во еден број. „Вардар“ е составено од неколку секции каде се обработуваат македонското прашање и странските пропаганди, народното творештво, литературата, статистиката и етнографијата на Македонија, како и теми од светската гео-политика. СодржинаСписанието започнува со уводник на македонски „Од наредилницана“, пренесен и на руски јазик. Веднаш по рускиот превод на уводникот објавена е песната „Патник“ од Петар Прерадовиќ, што претставува прв превод од хрватска поезија на македонски јазик. Носечки текст во првиот број е „Извикнува i н`ето и разбор на бугарцката и србцка теори i и за народноста на мак`едонците“.[1] За жал, Мисирков во првиот број ја обработува само бугарската теорија, додека српската ја планира за вториот број, па ова негово видување никогаш не е објавено. Потоа, во првиот број на списаниото „Вардар“ следел етнографско-демографско-статистичкиот труд „Список села од i ужна Мак`едони i а (Пазарцко, Гевг`ели i цко и Кукушко)“[1] што го составил Мисирков како студент во 1900 година. За жал, направената „Об i аснителна забелешка за то i список и за Солунцкото равнишче, со плани i н`ето“ авторот најавува дека „к`е бидит дадена во друг`от бро i на Вардар“, кој никогаш не е составен и испечатен. Потоа следи рубриката „Народни песни“ со единствениот запис на народна песна од Мисирков, како и два записа на безнасловни песни од Ф. Николов. На крајот е рубриката „Современ живот“ во која Мисирков објавува два кратки, непотпишани хроничарски записи за Македонија и Русија. Во своето списание „Вардар“ (1905) Мисирков ги редува појавувањата на теориите за народноста на Македонците: таму пишува, дека најпрвин се оформила бугарската, после грчката и најназад српската. Македонската теорија воопшто не ја приклучува кон овој редослед, како нешто што е автохтон развиток и надвор од пропагандите. Понатамошното излегување на списанието „Вардар“ би имало големо значење и влијание врз понатамошниот развој на настаните, но од различни причини тоа е спречено. Соседните пропаганди, Руската револуција, која во тој период особено се одразила во Одеса била дополнителна пречка. ТекстПредговорПрвиот дел од списанието е наменето за предговорот во кој Крсте Мисирков запишува[1]:
Литературна секцијаКако втора поголема содржина во списанието се појавува преводот на песната „Патник“ (српскохрватски: Putnik) од Петар Прерадовиќ[1]. Овој превод можеби е првиот поетски превод на современ македонски јазик. Текстот на песната е следен: Пąтник Статија за пропагандите во МакедонијаСледната статија која Мисирков ја објавил во списанието е за политичките и националните пропаганди во Македонија. Според замислата на Мисирков, оваа статија требало да има неколку продолжетоци каде ќе ги опфател сите пропаганди во Македонија. Но, поради краткотрајноста на списанието од само еден број, останала објавена само статијата каде се објаснуваат бугарската и српската пропаганда и нивните теории за националноста на Македонците. Оваа статија Мисирков ја започнува со:
СтатииПоследниот дел од списанието е наменето за две статии од кои едната статија има наслов „Современ живот“, додека другата „Словенството: Русија“. Првата статија се однесува за Македонија со текстот:
Во втората статија, Мисирков се осврнува кон внатрешно-политичката и гео-политичка состојба во која се наоѓала Русија по објавувањето на манифест за формирање на претставничко тело од страна на рускиот цар под притисок на Руската револуција на 6 август 1905 година (стар стил) и потпишувањето на Мировниот договор од Портсмут на 23 август (стар стил) со кој се става крај на Руско-јапонската војна. Во оваа статија тој ја дава следната оценка на Мировниот договор од Портсмут:
Реакции за списаниетоБугарскиот и српскиот печат ја алармирале домашната јавност за подготовките на списанието „Вардар“, но и за тримесечниот престој на Димитрија Чуповски во Македонија заради подготовка на отворање на училишта на македонски јазик. Мисирков со сестраните притисоци бил привремено неутрализиран, а Чуповски бил фатен во Велешко од „централистички“ војвода и со пиштол бил присилен да испари од Македонија и да се откаже од идејата за македонско образование на Македонците. НаводиДодатни информации
ПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia