Варош (Воден)
Варош (грчки: Βαρόσι, Вароси) — традиционално старо маало на градот Воден, Егејска Македонија.[1] На север се граничи со Паркот на водопадите и градскиот стадион, на југ со улицата „Архијереј Пантелејмон“, на запад со улицата „Капетан Гарофис“, а на исток со крајот на висорамнината на градот.[2] Маалото се развило во христијанска македонска населба османлиско време на местото на стариот средновековен Горен Град.[3] Варош е единствената дел на градот со зачувана староградска архитектура, дело на месните мајстори и типични претставници на градителството од минатите векови од големо културно-историско значење. Има и градби од византиско и османлиско време.[2] Меѓу познаменитите градби во маалото се Јусмевата, Чамевата и Валасовата куќа, како и неколку цркви.[3][4] Во 1966 г. Горниот Град е прогласен за споменик на културата[5] а во 1983 г. овој статус го добил и целиот Варош.[2] Галерија
Наводи
ПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia