Централна Македонија (Грција)
Централна Македонија (грчки: Περιφέρεια Κεντρικής Μακεδονίας, ПериФерија Кентрикис Македонијас) — област во Грција која се состои од средишниот дел на Егејска Македонија. Со 1,9 милиони жители го зазема второто место по населеност, веднаш по Атика. Главен град е Солун. УправаОбласта е создадена во 1987 г.. Со реформата „Каликратис“, почнувајќи од 2011 г. областа добива изменети и проширени надлежности. Заедно со Источна Македонија и Тракија, областа е под надзор Децентрализираната управа на Македонија и Тракија со седиште во Солун. Поделена е на 7 окрузи: Иматија, Кукуш, Пиерија, Постол, Сер и Солун и Халкидик. Окрузите понатаму се поделени на вкупно 38 општини. Иматија и Пиерија се наречени по долномакедонските области Ематија и Пиерија, согласно грчката политика на присвојување на древната историја на Македонија. Според народната номенклатура на краиштата, едниот округ соодветствува на „Берско“, а другиот на „Катеринско“. Иако географски ѝ припаѓа на Централна Македонија, Света Гора е управно независна од неа, и ужива автономна самоуправа во рамките на грчката држава. СтопанствоЦентрална Македонија е најпосетената област во Грција, со 18,2% од вкупниот туризам во земјата. Во 2008 г. областа ја посетиле 3,21 милиони туристи.[3] Во 2011 г. БДП по глава на жител на областа изнесувал 14.400 евра, заземајќи го деветто место од вкупно 13 области во Грција, или доста пониско од државниот просек од 18.500 евра.[2] ДемографијаБидејќи нема официјален попис за тоа колку Македонци живеат во оваа област, кога ќе споредиме некои историски податоци и денешни статистики, се доаѓа до одредена проценка. Така, во оваа област Македонците живеат во околу 230 населени места и сочинуваат околу 10% од вкупното население, па според последниот попис тоа се приближно 195.000 Македонци. Окрузи и општиниОбласта има 7 окрузи и вупно 38 општини: ![]() Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia