Василе Данилоски

Василе Данилоски
Роден 1921 година
Козица, Кичевско, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал април, 1945 година
Липошница, Хрватска
Националност Македонец

Василе Ташков Данилоски ( 1921 во Козица, Кичевско1945 во Липошница, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

Потекнувал од селско сиромашно семејство кое одвај можело да му овозможи да го доврши основното училиште. Род на Јордан Пиперката кој бил негов чичко. Како симпатизер на ослободителното движење се приклучил во редовите на Првата македонска бригада во есента 1944 година. Со Бригадата учествувал во ослободувањето на Охрид и Кичево, а потоа со единиците на Петнаесеттиот македонски корпус учествувал во пробојот на Сремскиот фронт. Загинал во борба со Германците во април 1945 година кај местото Липошница.[1]

Поврзано

Наводи

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 52.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya